Локалниот управник назначен од Москва на украинскиот регион Доњецк контролиран од Русија, Денис Пушилин, денеска изјави дека „невиден напад“ од страна на украинските сили во текот на ноќта оштетил две термоелектрани. Покрај тоа, некои населби останале без струја.
Пушилин напиша на апликацијата Телеграм дека котларниците и пречистителните станици во термоелектраните во Зугреш и Старобешево се затворени и службите за итни случаи работат на лице место за да ја обноват нивната работа.
Пушилин истакна дека украинскиот напад со дронови врз енергетската инфраструктура оставил околу 500.000 луѓе во неколку населби без електрична енергија.
Засега нема потврда од украинската страна за извршениот напад.



























