Прво, второ и трето место освоија македонските ученици од СТЕМ Академијата на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, кои се натпреваруваа во категоријата петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задача, јави дописничката на МИА од Атина.
Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, поделени во тимовите „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“, предводени од двајца едукатори-тренери, освојувајќи ги првите три места, беа најдобри во конкретната категорија.
Учениците се на возраст од 13 до 18 години, а пред натпреварот од СТЕМ Академијата за МИА рекоа дека нашите тимови учествуваат во најтешката дисциплина петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задачи.
Олимпијадата беше свечено отворена синоќа, ќе трае до 14 април а учествуваат 50 земји и 1800 тимови.
Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата учествуваа на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина од каде што се вратија со пет награди.
Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, тогаш се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи за преживување на Марс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
