Првата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, конечно ги сподели првите фотографии од своето бебе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, конечно ги сподели првите фотографии од своето бебе, објави Пејџ сикс.

Во една од фотографиите од социјалната мрежа Инстаграм, таа носи бела наметка украсена со бисери, додека го држи бебето Александар на рамо, со поглед насочен кон неговите широко отворени очи и густа косичка.

На друга фотографија, Тифани се потпира над својот сопруг Мајкл Булос додека двајцата со нежност го гледаат своето дете. Во трета слика, малиот Александар е завиткан во ќебе, со плишано мече покрај него.

Во фотографиите, објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, Тифани за првпат го покажа лицето на бебето.

Среќната двојка со нежност го гледа Александар Трамп Булос, роден на 15 мај, преку семејни фотографии.

Новата мајка може да се види и како се насмевнува на своето мало бебе во серијата фотографии.

„Љубовта на нашиот живот, ATB“, напиша Тифани во описот на објавата.

По објавувањето, следбениците ја преплавија секцијата за коментари со честитки. „Толку е убав!!! Честитки!“, напиша еден обожавател, додека, пак, друг додаде: „Боже, ова бебе ја доби лотаријата за симпатичност. Честитки, мама!“

Тифани и Булос го објавија раѓањето на бебето на 15 мај преку Инстаграм.

- Advertisement -
Ad image

„Добредојде на светпт, наше слатко момче, Александар Трамп Булос. Те сакаме повеќе од зборови! Благодариме што дојде во нашите животи! 15 мај 2025 година“, напишаа покрај црно-бела фотографија на која нејзината рака го држи малото стапало на новороденчето.

Александар е 11-тотп внуче на претседателот Доналд Трамп, кој ја започна својата втора функција во јануари.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article