Background

Прва отворена инфраструктура за развој на големи јазични модели и апликации

Студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Кирил и Методиј“ освоија награда за најдобар научен труд со наслов „Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language“ на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, одржана во рамки на 63 издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка на јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија.

Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска, под менторство на професорите Бранислав Геразов и Христијан Ѓорески, со овој труд направија значаен придонес кон дигитализацијата и технолошкиот развој на македонскиот јазик и на вештачката интелигенција (ВИ) во Македонија.

Во рамки на истражувањето беа развиени четири клучни ресурси: голем јазичен ВИ модел (анг. LLM) специјализиран за македонски јазик најдобар во својата категорија – domestic-yak-8B, потоа најголемиот јавно достапен текстуален корпус за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик.

- Advertisement -
Ad image

Овие ресурси се јавно достапни на веб-страницата www.lvstck.org и претставуваат прва отворена инфраструктура за развој на големи јазични модели и апликации базирани на вештачка интелигенција на македонски јазик. Овие ресурси може да се користат како основа за понатамошни истражувања, развој на македонски јазични алатки и нивна примена во различни сфери и апликации.

Овој успех претставува меѓународно признание за македонските истражувачи и чекор кон дигитална иднина во која македонскиот јазик добива поддршка и видливост во глобалниот развој на јазични технологии и вештачка интелигенција.

ACL е водечка глобална конференција во областа на обработка на природен јазик, со традиција од 63 години. „Slavic NLP“ Workshop, која оваа година го одбележа своето десетто издание, е посветена на истражувања од областа на обработка на сите словенски јазици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation