Background

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријавени за полагање биле 15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3,26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го надмудрат системот. Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

- Advertisement -
Ad image

Просечната оценка која што ја постигнале учениците по предметот мајчин јазик била 3,68, по математика 4,14, по англиски јазик – 3,65, француски – 4,67, германски 4,42, филозофија 3,71…

Според директорката Михајловска, покачувањето на просечната оценка се должи на подобри резултати по неколку предмети.

– Во делот на мајчиниот јазик лани просечната оценка беше 3,37, а сега е 3,68, по англиски јазик беше 3,06 а сега е 3,65, француски јазик сега е 4,67 а лани 4,47. Посебно се подобрени резултатите по математика. Лани просечната оценка беше 3,73 а годинава е 4,14. Од 1.239 ученици кои ја полагале математиката 651 ученик добил петка. Значи, не е толку тешко да се полага математика – заклучи таа.

Според министерката Јаневска, подобрите оценки не се должеле на тоа што имало полесни испитни прашања, туку на тоа што учениците биле подобро подготвени.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана само еднаш – на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation