Пронајдени и санкционирани се лицата што дивееја со возило по булеварот „Партизански Одреди”, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул. „Партизански Одреди” во Скопје, на која се гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки, при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И. За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата. Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила“ – се вели во информацијата оод МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
