Background

Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“

Денес, познатиот хрваски научник и универзитетски професор, македонистот Златко Крамариќповторно е во Македонија. Гостува на манифестацијата „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, со промоција на неговата најнова книга во превод на македонски јазик „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“. Станува збор за книга  што проблематизира актуелни идентитетски прашања. Во изданието што е исклучително значаен влог за македонистиката и треба да го има во секој македонски дом, посебен акцент е ставен и на улогата на Штросмаер, зборникот на браќата Миладиновци и македонскиот идентитет, на модернизмот во мрачните времиња, на создавањето на македонската интелигенција и на новите политики кон новите идентитети.

 Промоцијата на оваа значајна книга е закажана за денес, со почеток во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Промоторка на изданието ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а присутните ќе имаат можност и да проследат разговор со Крамариќ, но и тие да разговараат со него, отворајќи и нови важни прашања, а „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ да ја имаат и со посвета од овој исклучителен познавач на балкансите состојби.

 Инаку, воведниот текст во книгата, „Писмо до буарскиот пријател“ е и своевидна реакција на Крамариќ на тоа што некој во него, како можен иден амбасадор на Република Хрватска во Република Бугарија, сакал да препознае непријател, затоа што во него видел проекција на сопствените стравови од „другиот“, поради македонистичките ставови на познатот хрватски научник, книжевен критичар и врвен теоретичар на книжевноста, којшто е и долгогодишен дипломат. Авторот, меѓу другото ја нагласува смислата за добрососедството и заемната почит меѓу државите, посочувајќи  дека  „еден од битните детали во тие визии на идните посакувани односи во Европа  е и односот спрема соседите. Можеби токму тој детаљ и е еден од најважните. Има ли нешто поубаво отколку да се живее крај среќен и задоволен  сосед. Неговата среќа и задоволство и нас би требало да нѐ прави среќни“.

- Advertisement -
Ad image

 Гостувањето на Крамариќ со промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ е само еден од низата настани предвидени со програмата на ова издание на „Книга во секој дом“ на „Матица македонска“ што почнува денес, на денот кога Македонија чествува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Покрај промоcиите на книги и средби со автори, од денес па сѐ до крајот на манифестацијата, триста наслови во книжарниците на „Матица македонска“ и преку е-книжарницата се со попуст до 70%, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Со цел книгата на македонски јазик, навистина, и натаму да е сѐ поприсутна во секој дом, попустот се однесува и на најактуелни изданија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation