Background

Продолжуваат позитивните движења во македонската економија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Растот на економијата во 2025 година е најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да се креираат и да остваруваат резултати – рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска осврнувајќи се на најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика.

- Advertisement -
Ad image

Кочоска на прес-конференција напомена дека БДП во четвртиот квартал од 2025 забележал раст од 3,5%, што е потврда, како што рече, за позитивните економски движења во земјата и покажува континуитет во остварување позитивни резултати, кои шест квартали по ред го задржуваат ова темпо и создаваат услови за постигнување повисоки стапки на раст.

Значајно е, дополни, што растот се надоврзува на високиот раст од 4,3% во истиот квартал минатата година.

-Во споредба со државите од регионот и ЕУ, Македонија повторно е меѓу земјите со највисок раст. За четвртиот квартал од 2025 повисок раст е забележан само на Малта, на Кипар и во Полска. Ако споредуваме со земјите во регионот, растот во Србија изнесува 2,2%, во Хрватска 3,6, во Бугарија 3, во Словенија 2 отсто. Кумулативно, реалниот раст во 2025 година достигна 3,5%, што е во линија со проекциите на Министерството за финансии, а номиналниот раст е нешто повисок од очекуваниот, што е потврда за внимателноста и сериозниот пристап при планирање и водење на фискалната политика. Буџетскиот дефицит за 2025 година е во рамките на очекуваното, 4% од БДП, а кај јавниот долг има намалување и изнесува 59,3% од БДП – потенцира министерката.

Според неа, растот не економската активност во четвртиот квартал е на широка основа, при што речиси сите сектори забележаа раст.

– Силната динамика во градежништвото продолжи со раст од 14,6 проценти, а тоа се должи на зголемената активност во нискоградбата, која забележа реален раст од 12,5 отсто во четвртиот квартал. Ова е уште една потврда дека силната посветеност на Владата на реализација на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика и услови за градба, придонесе за динамизирање на економската активност. Висок раст од 8,1 отсто е забележан кај стручни и научни дејности, трговијата и транспортот бележат раст од 4,4 отсто, преработувачката индустрија 3,6 отсто… Земјоделството забележа благо намалување од 0,4 отсто – истакна Димитриеска-Кочоска.

Особено охрабрува, оцени министерката, високиот раст на извозот на стоки и услуги од 9,7 %, што упатува на натамошно закрепнување на извозната активност, почната од почетокот на годината, по намалувањето во изминатите години.

– Приватната потрошувачка остана стабилна, со реален раст од два отсто, поддржана од растот на платите. Бруто-инвестициите забележуваат намалување од три отсто во услови кога има висок раст на корпопративното кредитирање и раст во градежништвото. Треба да се има предвид дека минатата година имавме рекорден раст на бруто-инвестициите во последниот квартал, од 23,7%. Македонската економија изминатиот период е под силно влијание на случувањата надвор, но тоа е предизвик што стои пред Владата и онака како што и досега во изминатите 20 месеци покажавме како се работи на економски план, така и ќе продолжиме, ќе создаваме мерки и политики од интерес на стопанството и граѓаните, истовремено имајќи ја предвид состојбата на меѓународно ниво – порача министерката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation