Background

Проданоски најави големи проекти за Прилеп

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, вечерва во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма најави амбициозна инфраструктурна офанзива која, според него, целосно ќе го трансформира градот.

Проданоски посочи дека во неговата програма клучен фокус ќе биде решавањето на сообраќајниот метеж и подобрување на квалитетот на живот во централното градско подрачје.

– Во план е изградба на две обиколници во градот – обиколница Исток и обиколница Запад, кои ќе го извлечат целиот товарен сообраќај од центарот. Со тоа ќе се зголеми брзината на движење, но и ќе се намали загадувањето и бучавоста – изјави Проданоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој најави и изградба на улицата Александар Македонски, како нов влез кон стопанскиот двор на Прилеп, како и реконструкција на улицата Орде Чопела, со што, како што рече, значително ќе се олесни протокот на возила низ градот.

Проданоски истакна дека економскиот развој на општината ќе се заснова на создавање на развоен буџет, нов стратешки план за развој на Прилеп, поддршка за млади, бизниси и занаетчии, како и ослободување и продажба на неизградено земјиште за отворање нови индустриски капацитети.

– Очекувам во технолошко-индустриската зона да се отворат нови капацитети и Прилеп да добие нов економски подем. Средства има, само треба правилно да се насочат – додаде Проданоски.

Во делот на локалните давачки, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најави воведување дигитални алатки за побрза и поефикасна достава на решенија за даноци и комунални обврски.

– Ќе воведеме дигитален систем што ќе им овозможи на граѓаните побрзо да ги плаќаат давачките без чекање по шалтери. Нема време за губење, општината мора да стане модерна и ефикасна – рече Проданоски.

Во завршницата на дебатата, Проданоски порача дека неговата визија е едноставна, но амбициозна – да се изгради модерен, успешен и силен Прилеп, град што ќе биде пример за локален развој.

– Барам поддршка од сите прилепчани заедно да создадеме град каков што заслужуваме уреден, функционален и економски жив Прилеп – заклучи Проданоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation