Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани.
Повеќе извори потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.
„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ пишува во соопштение на ОЈОГОКК.
Ратко Капушевски, повеќе од еден месец не бил во државата и акцијата почнала кога надлежните добиле сознанија дека е вратен во Македонија. Неговата компанија беше главен избор на државните eлектрани за набавка на мазут и добиваше набавки во висина од повеќе десетици милиони евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
