Background

Приказна за една рокенрол сцена која беше трета во светот

Лауреатот на Киненова, кинематограферот Владимир Самоиловски денеска на ФДУ во 11 часот ќе одржи мастерклас. Тој е добитник на Специјалната награда за особен придонес во филмската уметност  на 10. МФФ Киненова и член на жирито на јубилејното издание на фестивалот.

Филмот „Прасловен“ е во официјалната селекција на годинешното јубилејно 10.издание на МФФ Киненова. Синоќа во рамките на фестивалската програма беше прикажан во Велес, каде авторот по проекцијата разговараше со публиката, а вечерва има проекција во Киноверзум во Кисела Вода.

– Филмот „Прасловен“ не е само фалење на еден исклучителен уметник, бидејќи ја прикажуваме и неговата „темна“ страна, или подобро, неговата „човечка“ страна. Сите ние во животот правиме грешки, и се разликуваме колку учиме од нив и се стремиме кон подобро – раскажува авторот.

- Advertisement -
Ad image

Слободан Максимовиќ е сценарист и режисер на филмот. Дипломирал филмска режија на Академијата во Љубљана. Режираше повеќе од 35 филмови и серии од различни формати и жанрови, а за многу од нив го напиша и сценариото. Неговите филмови беа прикажани на многу меѓународни филмски фестивали и освоија 46 награди. Негови најзначајни дела се играните филмови „Благодарам за Сандерленд“ (2012), „Ника“ (2016) и „Капа“ (2022), документарецот „Технологијата на луѓето“ (2014), минисеријата „Случаите на инспекторот Вренкo“ (2021-2024) која е најгледаната криминалистичка серија на националната телевизија во Словенија, и краткиот филм „Невидливата рака на Адам Смит“ (2017), кој беше во конкуренција на „Киненова“. Оваа година се враќа на фестивалот во Скопје со документарниот филм „Прасловен“ за словенечкиот enfant terrible, Зоран Предин, со кој во последнава година го освоија регионот, вклучувајќи и неколку фестивалски награди.

– Ова не е само филм за Зоран Предин, туку и приказна за една епоха, една рокенрол сцена која беше трета во светот по својот квалитет, и која со своето творештво и критика се трудеше општеството да го направи подобро – вели Максимовиќ.

Пред проекцијата на филмот, вечерва, ќе бидат доделени традиционалните награди на Киненова: Гран при за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар краток филм.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation