Претседателскиот кандидат на Алијансата за обединување на Романците, Ѓорѓе Симион, потврди дека, доколку победи на изборите, ќе го номинира Калин Георгеску за премиер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателскиот кандидат на Алијансата за обединување на Романците (АУР), Ѓорѓе Симион, денес потврди дека, доколку победи на изборите, ќе го номинира Калин Георгеску за премиер, нагласувајќи дека постојат различни опции за идниот политички пат, вклучително и можноста за предвремени избори.

На прашањето во интервју за телевизијата „Диги24“ дали планира, доколку биде избран за претседател, да го назначи Георгеску за премиер, Симион рече дека тоа е ветување што му го дал на романскиот народ, пренесува Аџерпрес.

– Постојат неколку можности, ова е една од нив – рече Симион и додаде дека имал бројни разговори со Георгеску, но дека одредени „пречки“ мора да се надминат, односно мора да почека до 18 мај бидејќи, како што рече, „не смееме да ја продадеме кожата на мечката пред да ја фатиме“.

Симион истакна дека пред два дена рекол дека сегашното парламентарно мнозинство нема да преживее во сегашниот состав и дека коалицијата ќе се „распадне“ ако романскиот народ не го избере својот кандидат во вториот круг од изборите.

– И еве нè, ​​два дена подоцна, и бев во право. Всушност, бев во право веќе во декември, кога сметав дека не треба повторно да го назначуваме Марсел Чолаку за премиер. И се плашам дека сè уште не сме се ослободиле од него – рече Симион.

Зборувајќи за можноста Георгеску да не обезбеди парламентарно мнозинство, Симион потсети на одредба од романскиот Устав.

– Уставот наведува дека претседателот може да номинира едно лице, а потоа друго. Од моментот на првото номинирање, постои период од 60 дена, по што претседателот може да го распушти парламентот – рече тој.

Според него, на маса се различни опции, а не се исклучени и предвремени избори.

– Романците мора да ја прифатат оваа опција. Веројатно ќе инсистирам на предвремени избори со Калин Георгеску – објасни Симион.

- Advertisement -
Ad image

Романскиот премиер Марсел Чолаку во понеделникот поднесе оставка откако кандидатот на владејачката коалиција не успеа да се пласира во вториот круг од претседателските избори во недела.

Опозицискиот ултрадесничар Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, објавија романските медиуми, повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија.

По прилично тесно пребројување, Симион освои 40,94 проценти од гласовите, Никушор Дан 20,99 проценти, додека кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, освои 20,07 проценти од гласовите.

- Advertisement -
Ad image

Романија одржа повторени избори откако првиот круг од претседателските избори во ноември, во кој победи Георгеску, беше поништен поради наводно руско вмешување во корист на Георгеску.

Москва ги отфрли овие обвинувања.

Share This Article