На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица
