Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниот пат Гевгелија-Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
„ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.

