Background

Премиерот порача дека правдата ќе биде достапна за сите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на народниот митинг во општина Сопиште во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“, остро ја критикуваше состојбата во судството и обвинителството, нарекувајќи ги „последните бастиони на власта на СДСМ и ДУИ“.

– Многу ме прашуваат изминатиов период, зошто и како не правиме реформи во судството и обвинителството. Тоа е нешто што за сите нас претставува болка, бидејќи тие институции се уште се последните бастиони во одбрана на претходната влада – изјави Мицкоски, додавајќи дека бројни пријави од надлежните институции не се процесуираат, туку „се држат во фиока“.

Тој најави дека по локалните избори, реформите во правосудниот систем ќе станат приоритет.

- Advertisement -
Ad image

– После овие локални избори, ќе се навратиме и на таа тема – рече Мицкоски.

Во своето обраќање, Мицкоски порача дека „моментот што го чекале генерации е пред нас“ и дека е време за ресет на системот и изградба на држава на правда, слобода и грижа за секого.

– Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, со судии кои судат според законот, а не според влијанија. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин – брза, достапна и ефикасна – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека ќе постават јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата, која, како што рече, „тоне животи и ја кочи промената“.

– Здравствениот систем ќе биде столб на државата со модерни болници, достапни лекови, стручен кадар и превенција што ќе ги штити семејствата, наместо да ги остава ранливите сами да се борат – изјави Мицкоски.

Во завршницата на говорот, тој предупреди дека „кочниците“ во институциите ја гушат државата.

– Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат работата на државата. Тие кочници се вградени во институциите и претставуваат длабока држава во државата – заклучи Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation