Background

Предупредување од Меѓународната агенција за атомска енергија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека постои ризик од нуклеарна несреќа поради ескалацијата на воената конфронтација на Блискиот Исток.

- Advertisement -
Ad image

– Сите ние со загриженост ги следевме воените напади во Исламската Република Иран и на Блискиот Исток – рече утринава Гроси.

Според него не може да се исклучи можноста од радиолошко испуштање со сериозни последици, вклучително и потребата од евакуација на области поголеми од големите градови.

Досега нема индикации дека иранските нуклеарни објекти се оштетени или погодени во тековните израелски и американски напади, додаде тој.

Гроси, исто така, предупреди на зголемените ризици за нуклеарна безбедност во регионот, истакнувајќи дека неколку други земји од Заливот со нуклеарни објекти, исто така, се соочија со оган во иранските одмазднички напади.

– Затоа повикуваме на максимална воздржаност во сите воени операции – рече тој.

Израел и САД минатиот јуни, во 12-дневната војна со Техеран, нападнаа и сериозно оштетија неколку ирански нуклеарни постројки.

Иранскиот амбасадор при нуклеарната надзорна агенција на Обединетите нации денеска изјави дека големиот ирански нуклеарен комплекс во Натанз бил погоден во неделата за време на американските и израелските воени операции против Исламската Република.

– Вчера повторно беа нападнати иранските мирољубиви и заштитени нуклеарни постројки – изјави Реза Наџафи пред новинарите на состанокот на Управниот одбор на 35-те земји членки на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ).

На прашање на Ројтерс кои објекти биле погодени, тој кусо одговорил: „Натанз“.

Соединетите Американски Држави бараат Техеран да се откаже од збогатување ураниум на сопствена територија, оценувајќи дека тоа претставува чекор кон развој на иранско нуклеарно оружје.

МААЕ со месеци бара од Иран да објасни што се случило со залихите од 440 килограми збогатен ураниум по израелско-американските напади во јуни, како и да овозможи целосно продолжување на инспекциите, вклучително и во трите клучни постројки што беа бомбардирани во јуни лани: НатанзФордо и Исфахан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation