Топ Вести - Слушај сега
Белата куќа објави провокативна и предупредувачка карикатура која испраќа застрашувачка порака до жителите на Гренланд.
Карикатурата прикажува две санки што ги влечат кучиња хаски санки како се движат во различни насоки – едната се движи кон сончев, светол пејзаж со американско знаме и со Белата куќа, додека другата кон темна, бурна област обележана со кинеското и со руското.
Насловот до карикатурата гласи: „На која страна, човеку од Гренланд?“
Крикатурата е објавена во услови на засилен притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз Данска и врз Гренланд, кратко пред состанокот во Белата куќа на кој разговараа потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио со данскиот министер и со гренландскиот министер за надворешни работи.
Целта на состанокот беше да се деескалира конфликтот, но заврши без успех.
Претседателот Трамп го повтори својот конечниот став на платформата „Трут соушл“ истото утро: „На Соединетите Американски Држави им е потребен Гренланд за национална безбедност. Тој е клучен за Златната купола што ја градиме. НАТО треба да го предводи патот за да го добиеме. АКО НИЕ НЕ ГО НАПРАВИМЕ ТОА, РУСИЈА ИЛИ КИНА ЌЕ ГО НАПРАВАТ, А ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ! Воено гледано, без огромната моќ на САД – од која голем дел ја изградив за време на мојот прв мандат, а сега ја издигнувам на ново, уште повисоко ниво – НАТО не би бил ефикасна сила, ниту одвраќач. Ни приближно! Тие го знаат тоа, а го знам и јас. НАТО станува далеку посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД. Сè помалку од тоа е неприфатливо“, објави Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
