Background

Пред Израел е златно доба, рече Трамп во Кнесетот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“. Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“.

– Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир – рече Трамп, откако ја пофали храброста на дваесетте живи заложници кои денеска се вратија кај своите семејства.

Тој изрази надеж дека „регионот засекогаш ќе живее во мир“.

- Advertisement -
Ad image

Ова не е само крај на војната, рече тој, „туку и крај на едно доба на терор и смрт, и почеток на доба на вера, надеж и Бог.“

– Ова е почеток на ера на хармонија за Израел и земјите од регионот. Ова е историската зора на новиот Блиски Исток – рече Трамп.

Американскиот претседател ја пофали „големата храброст и патриотизам“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху велејќи дека „неговото партнерство многу придонесе за да биде можен овој ден.“

Тој го замоли Нетанјаху да стане, додека присутните аплаудираа.

– И да знаете, не е лесен човек, морам да ви кажам. Не е најлесен за соработка. Но токму тоа го прави голем … Ти благодарам многу, Биби. Одлична работа – рече Трамп.

Нетанјаху претходно одржа говор во Кнесетот, во кој рече дека „ова е ден што ќе биде запишан во историјата“, и Трамп ќе биде „запишан во историјата на нашиот народ и на светот“.

– Колку долго го чекавме овој момент, и сакам лично да ти се заблагодарам во име на целиот народ – му рече Нетанјаху на Трамп.

Израелскиот премиер потоа им се заблагодари на САД за поддршката што му ја даваат на Израел низ годините, како и за, како што рече, „смелите одлуки“ донесени за време на 12-дневниот конфликт со Иран претходно ова лето.

САД во јуни нападнаа три од иранските нуклеарни локации.

– Доналд Трамп е најголемиот пријател што државата Израел некогаш го имала во Белата куќа, рече Нетанјаху, по што во салата се слушнале извици „Трамп“.

Нетанјаху го опиша мировниот предлог на Трамп како „клучен чекор“ кон мирот, додавајќи: „Јас сум посветен на овој мир, ти си посветен на овој мир, и заедно ќе го постигнеме овој мир.“

Трамп исто така им се заблагодари на арапските и муслиманските земји кои извршиле притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што ги држеше, нарекувајќи го тоа „неверојатен триумф за Израел – што сите овие нации работат заедно како партнери во мирот“.

– Ова ќе се запамети како моментот кога сè почна да се менува. Ова ќе биде златното доба на Израел и златното доба на Блискиот Исток – рече американскиот претседател.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation