Пратениците денеска ја завршија општата расправа за измените и дополнувањата на Изборниот законик, а гласањето, како што соопшти потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, дополнително ќе се изврши

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратениците денеска ја завршија општата расправа за измените и дополнувањата на Изборниот законик, а гласањето, како што соопшти потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, дополнително ќе се изврши. Измените се носат на пет месеци пред следните локални избори.

Предлогот, кој се носи по скратена постапка, го поднесоа координаторите на пратеничките групи од владејачкото мнозинство и опозициската СДСМ Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Бојан Стојаноски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, додека Европскиот фронт и Левица се изјаснија дека нема да го поддржат.

Амар Мециновиќ од Левица рече дека политичките процеси не се еднострани, додека Блерим Беџети од Европскиот форнт смета дека измените се правеле скриено. Забелешки имаше и за неприфаќањето на предлозите сега да се стави предлогот за една изборна единица, додека Беџети критикуваше дека не се прифатени сите забелешки на ОБСЕ/ОДИХР.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека измените им биле дадени и на Еропскиот фронт и на Левица пред тие да бидат поднесени, но дека од нив немало одговор.

– Ако сега не ги донесеме овие измени на закон таа правна празнина ќе остане, и вие очигледно не сакате незвисни листи да се кандидираат на овие избори. И сега повикувате да има вклученост на сите заинтересирани во изборите. Повикувате сите да се кандидираат, ама не дозволувате таа правна празнина да се покрие – рече Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сите измените се во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, додека во однос на предлогот за една изборна единица и нов изборен законик, рече дека има формирано работна група во Министерството за правда, како и дека ВМРО-ДПМНЕ е за една изборна единица и за гласање на дијаспората.

Како што се наведува во предлог измените, законското решение е во насока на подобрување на изборниот процес и обезбедување на еднакво, демократско и слободно избирачко право, како и постапување по препораките на Мисија за набљудување на избори за претседателските избори на 24 април, како и за парламентарните избори на 8 мај 2024 година и истовремениот втор круг од претседателските избори на ОДИХР. Преку предложените законски измени се имплементираат дел препораките од Конечниот извештај на Мисијата на ОДИХР за набљудување на избори.

Овие законски измени и дополнувања предвидуваат усогласување со одредбите од Законот за медиуми во однос на интернет порталите.

Исто така со овие предлог измени и дополнувања на Изборниот законик се постапува по решението на Уставниот суд со кое беа укинати одредбите со кои се регулираше бројот на потребни потписи за поднесување на листа за кандидати од страна на група избирачи и се предлагаат два нови членови кои ја уредуваат оваа проблематика.

- Advertisement -
Ad image

Со овие измени и дополнувања се олеснува функционирањето на изборните органи и се предвидуваат формирање на нови избирачки места во оние избирачки места кои го надминуваат законскиот максимум од илјада избирачи. Се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Share This Article