Актерката Дру Баримор повторно успеа да ги изненади, а многумина би рекле и да ги шокира гледачите на нејзината емисија.
За време на најновата епизода од „Шоуто на Дру Баримор“, 50-годишната актерка направи прилично необичен потег среде разговор – ги соблече чевлите и чорапите за, како што рече, да ја „тестира својата теорија“ за мирисот на нејзините стапала.
Во сегментот Drew News, Дру зборуваше за нега на стапалата со своите колеги, Рос Метјуз и Сани Андерсон. Во еден момент, таа истакна дека нејзините стапала воопшто не мирисаат, а за да го докаже тоа, ги крена босите стапала и им понуди да ги помирисаат.
Сани Андерсон се потсети на минатогодишната ситуација и рече дека веќе имала можност да ги помириса стапалата на познатата актерка, а потоа изјавила дека мирисаат „божествено“.
Рос Метјуз се согласи со својата колешка, а коментарите на мрежите само продолжуваа.
„Што се случува со луѓето“, „Светот е отиден по ѓаволите“, „Кога немате нормални теми за разговор“, беа само дел од коментарите.
Оваа дискусија потоа се прошири и на публиката во студиото, па водителите спроведоа мини-анкета за тоа колку често луѓето ги мијат стапалата. Резултатите покажаа дека дури 87 проценти од публиката ги мијат стапалата секојдневно, 10 проценти ги мијат еднаш неделно, еден процент еднаш месечно, додека два проценти признаа дека никогаш не ги мијат.
Една жена од публиката се обиде да го оправда својот избор, на што Дру Баримор се насмеа и рече:
– Се туширам и неколку пати кога се обидов да ставам сапун на стапалата, речиси умрев, се лизнав и паднав.
Потсетете се дека во 2019 година, за време на гостувањето во емисијата „The Late Show“ со Стивен Колберт, актерката ги соблече и чевлите за да го покаже својот необичен талент – способноста да крева предмети со нозете. Во тоа време, таа го нарече своето стапало „дополнителна рака“.
Таа објасни дека оваа вештина е многу корисна, особено во родителството:
– Знаете, имате дете во едната рака и телефон во другата, нема шанси да не посегнете и да го зграпчите тој бомбон со ногата. Моите стапала се тука кога ми треба дополнителна рака – рече Дру Баримор низ смеа.
Дру Баримор има две ќерки со поранешниот сопруг Вил Копелман, Олив (13) и Френки (11).