Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик.
На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „шкода“.
Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото „шкода”, меѓу кои две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖