„Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, недостасува уште еден лек чијашто набавка е во тек, но, има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, најверојатно до крајот на оваа недела. Се надевам дека двата лека ќе стигнат до крајот на оваа недела, за едниот зависи од дистрибутерот. Друго, сѐ има на клиниката“.
Ова го истакна попладнево директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски, во изјава за МИА.
– Пациентите да бидат спокојни, со оглед на сите напори што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и за обезбедување следливост на терапијата, се надеваме дека ќе нема проблеми со недостаток во иднина. Пораката што ја упатив денеска е дека треба да работиме заедно со здруженијата на пациентите, за подобрување на пристапот до сите тераписки модалитети и посебен акцент да ставиме на превенцијата и на раната детекција на канцерот – истакна тој на Светскиот ден за подигнување на свеста и борбата против ракот.
Директорот рече дека бројот на новорегистрирани пациенти во принцип се зголемува. Тој подвлече дека превенцијата подразбира здрава исхрана и физички активности и рана детекција.
Стојковски изрази надеж дека надлежните побргу ќе обезбедат и нови вработувања. Бидејќи само во последните 2 години имало помалку околу 20 вработени, поради заминувања во пензија и поради спогодбени откази.
Tagged as:
има проблем со дистрибутерот недостасува уште еден лек чијашто набавка е во тек но… Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
