Повеќе од 67 милијарди долари и најмалку 5 години ќе бидат потребни да се обнови Појасот Газа според планот на палестинскиот премиер Мохамед Мустафа

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Smoke rises from Gaza, as seen from the Israel, May 6, 2025. REUTERS/Amir Cohen TPX IMAGES OF THE DAY
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 67 милијарди долари и најмалку 5 години ќе бидат потребни да се обнови Појасот Газа според планот на палестинскиот премиер Мохамед Мустафа. За планот кој ќе ги опфати домувањето, инфраструктурата и управувањето Мустафа изјави:

– Вистинското владеење во Газа е основа за обновата и стабилноста – рече Мустафа.

Можна е конференција во Каиро?

Египет треба да свика конференција за реконструкција во Каиро, каде ќе се бара меѓународна поддршка за повторна изградба на градовите и селата што се претворени во прашина.

Би-Би-Си во сопствена репортажа вели дека над 60 милиони тони бетон, челик и прашина ја прекриваат територијата, но под тие рушевини, покрај неексплодирани бомби, лежат и човечки тела.

УНИЦЕФ проценува дека повеќе од 70% од водните и санитарните капацитети во Газа се уништени. Речиси целата територија е без електрична енергија откако Израел го прекинал напојувањето. Без вода, струја и канализација, обновата на зградите не би била целосна.

Колку луѓе загинаа од 7 октомври 2023 година?

Според податоците на ОН и УНРВА, најмалку 7.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Дел од нив се претпоставува дека се наоѓаат под урнатините на згради каде што спасувачките екипи не можат да пристапат поради неексплодирани бомби.

– „Не може да зборуваме за обнова на Газа без прво да ги извлечеме мртвите – изјави за Си-Ен-Ен Сам Роуз, в.д. директор на УНРВА.

Палестинското Министерство за здравство соопштува дека од нападите на 7 октомври со кои започна конлфиктот меѓуи Израел и Хамас досега загинале 67.967 луѓе. Бројката не е конечна, бидејќи илјадници се водат како исчезнати, а телата под урнатините не можат да се извлечат поради ризик од неексплодирани боеви средства.

Според договорот за прекин на огнот, Хамас требало да ги врати сите заложници, живи и мртви, во рок од 72 часа, но документот, според израелските медиуми, останува нејасен во однос на враќањето на телата. Оваа нејаснотија, велат аналитичари, ја продлабочува траумата на семејствата кои не знаат каде се нивните најблиски.

- Advertisement -
Ad image

Хамас предаде 9 тела, што предвидува договорот?

Во меѓувреме, Израел потврдил дека телата на Инбар Хајман и Мухамед ал-Атараш, уште двајца израелски заложници, биле пронајдени и вратени. Форумот на семејствата на исчезнатите бара владата да прекине со спроведување на прекинот на огнот сè додека сите тела не се идентификуваат и вратат.

Хамас до понеделник, според израелските медиуми, вратил 20 живи заложници и 9 тела. Тоа, според делумно објавениот текст на договорот за прекин на огнот, требало да биде извршено во рок од 72 часа по делумното повлекување на израелските сили. Но документот, објавен во извадоци во весникот „Хаарец“, не наведува јасен механизам за идентификација и предавање на посмртните останки.

Израелскиот Форум за заложници предупредува дека оваа правна празнина им овозможува на двете страни да го толкуваат договорот различно.

- Advertisement -
Ad image

– Нема да има вистински прекин на огнот ако не се врати секое тело – порача портпарол на Форумот, кој повика владата да го суспендира договорот сè додека сите тела не бидат лоцирани.

Според Хуго Башега, дописник на Би-Би-Си од Ерусалим, текстот на договорот „намерно е нејасен“.

Стотици камиони чекаат, потребно е да влезат во Газа

Во еден дел се наведува дека „сите заложници, живи и мртви, треба да бидат предадени во рок од три дена“, но веднаш потоа се додава дека доколку не може да се пронајдат сите тела, Хамас може да достави информации „за нивната можна локација“.

Од другата страна, хуманитарните организации апелираат за отворање на повеќе премини, зашто без храна и лекови, секоја обнова е залудна. Во разговор за Си-Ен-Ен, вршителката на должноста директорка на УНРВА, Сем Роуз, вели дека ситуацијата во Газа е подобрена „во однос“ на март, кога никаква помош не влегуваше во Појасот.

– Но, стотиците камиони со помош што се потребни секој ден сè уште не пристигнуваат – вели Роуз.

Поранешниот извршен директор на Је-Си-Би, Филип Буверат, вели дека „најнапред мора да се направат безбедни местата кои се разурнати“, затоа што секој обид за расчистување без внимателност би бил „смртоносен и нечесен кон мртвите“.

Работата започнува со сортирање и кршење на остатоците, при што пластиката и металот се одвојуваат, а бетонските фрагменти повторно се користат како основа за идните градби.

Има остатоци „колку 13 пирамиди“, приоритет е расчистувањето на патиштата

Делегација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е во посета на Газа за да го процени уништувањето и да ја испланира нејзината реконструкција. Џако Силиерс, специјален претставник на УНДП Палестина, за Ројтерс изјави дека постојат „голем број приоритети што треба да бидат први“ пред да може да започне реконструкцијата.

Тој вели дека има „многу урнатини и остатоци што треба прво да се отстранат“, што носи со себе повеќе предизвици, „вклучувајќи неексплодирани убојни средства што прво треба да се исчистат“.

Силиерс ја споредува количината на остатоци со „13-те пирамиди во Гиза“ и вели дека најголемата загриженост сега е чистењето на патиштата за да се пропуштат камионите со помош и „чистењето на остатоците од области како што се болниците и другите социјални служби“.

Share This Article