Background

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа, се чека на уште размени на заложници и затвореници

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа. Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“.

Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“.

– Ова е неверојатен ден за светот – рече Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе спречи Трета светска војна, за која рече дека може да се случи на Блискиот Исток.

- Advertisement -
Ad image

Трамп им се обрати поединечно на светските лидери, пофалувајќи ги за нивната улога во поддршката на мировниот договор за Газа.

Во меѓувреме, Израелската затворска служба денеска соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа.

Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“.

– По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи биле ослободени, при што оние од затворот Офер се упатиле кон Западниот Брег и Источен Ерусалим, а оние од затворот Кзиот кон Керем Шалом – додадоа властите, осврнувајќи се на еден од премините на границата со Појасот Газа.

Од друга страна, Хамас му предаде 20 преживеани заложници на Израел. Израел побара да бидат доставени и телата на починатите заложници.

Израелската армија денеска објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле држени во Појасот Газа.

„Според Црвениот крст, два ковчези со починатите заложници се предадени и се на пат кон израелските воени и разузнавачки сили во Појасот Газа“, соопшти армијата.

Во соопштението се вели и дека армијата наскоро очекува предавање на уште две тела.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси денеска на мировниот самит за Газа во Шарм ел-Шеик изјави дека светот е сведок на „историски момент“. Тој изрази надеж дека новиот договор за Газа ќе го означи крајот на „болното поглавје во историјата на човештвото“, нагласувајќи дека Палестинците имаат право на самоопределување и дека само решението за две држави ќе ги исполни аспирациите на двата народа и ќе обезбеди мир.

– Безбедноста на народот не се постигнува само со воени средства, мирот е наш стратешки избор – рече египетскиот претседател и нагласи дека палестинскиот народ има право да одлучува за својата судбина и да ужива во слободата, објави Ал Џезира.

Ел-Сиси нагласи дека мирот не може да се гради само од владите, туку и од народите и ги повика граѓаните на Израел да подадат рака кон мирот.

Зборувајќи за следните чекори, тој најави дека во наредните денови ќе бидат поставени заеднички темели за реконструкција на Појасот Газа, велејќи дека „регионот се соочува со единствена историска можност за воспоставување стабилен Блиски Исток“.

– Се стремиме кон Блиски Исток без оружје за масовно уништување – додаде Ел-Сиси, нагласувајќи дека спроведувањето на договорот за Газа е клучно за постигнување решение за две држави и подобра регионална соработка, пренесува Танјуг.

На крајот од својот говор, Ел-Сиси им се заблагодари на САД, Катар и Турција за учеството или посредништвото во мировните преговори за Газа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation