Полицијата во Тирана уапси 36-годишен државјанин, баран со меѓународна потерница за фалсификување валута, со цел да биде екстрадиран во Македонија.
„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор, за кривично дело „Фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение за акцијата со име „Операција 73“.
Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „кражба“.
Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот, пишува Еуроњуз.



























