Background

Полицијата во јапонскиот град Осака уапси маж, осомничен за обид за убиство откако со автомобил удрил во 7 ученици

Полицијата во јапонскиот град Осака уапси маж, осомничен за обид за убиство откако со автомобил удрил во 7 ученици, јавуваат локалните медиуми. Децата се враќале дома од училиште кога осомничениот намерно тргнал со автомобилот кон нив во мирно станбено подрачје во 13:30 часот по локално време, објави јавниот радиодифузер НХК.

Седумгодишно девојче добило скршена вилица, додека останатите деца, момчиња и девојчиња, на возраст од 7 и од 8 години, наводно добиле релативно лесни повреди. Сите биле во свесна состојба кога биле пренесени во болница. Полицијата на местото на настанот го уапсила Јуки Јазава, 28-годишен невработен маж од градот Хигашимурајама во Токио. Не е јасно зошто се наоѓал во Осака.

– Едноставно ми беше доста од сè, па решив со автомобилот да убијам ученици од основно училиште – изјавил Јазава пред полицијата, пренесува НХК.

- Advertisement -
Ad image

Според извештаите, наставници од основното училиште го извлекле осомничениот од автомобилот, во кој останал по ударот во децата.

– Автомобилот возеше брзо и продолжи да се движи напред дури и откако ги удри децата. Мојот син беше многу шокиран и плачеше цело време…Застрашувачки е. Го видов човекот што го возеше автомобилот. Беше многу тивок и изгледаше зашеметено – изјави за НХК мајка во 20-те години, која дошла да го земе својот син и била сведок на нападот.

Друг сведок изјави за НХК дека автомобилот се вратил кон децата откако ги удрил. Ученик од основно училиште за МБС Њуз, изјави дека мажот во автомобилот „возел несигурно“.

– Одев покрај патот и одеднаш автомобилот за малку не нè удри. Учениците од втора и од трета година пред мене беа повредени и крвавеа од главата откако беа заробени меѓу автомобилот и ѕидот – рече ученикот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation