Полицијата, по налог на обвинител, денеска изврши серија претреси во домови и други простории во Скопје, Куманово и Тетово со цел да прибере докази за извршени злоупотреби со државните стокови резерви.
Пет лица, меѓу кои и еден заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се осомничени дека во текот на 2021 и 2022 година, злоупотребувајќи ја својата службена позиција и овластување, придонеле да се изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица, и 500 тони јачмен од државните стокови резерви, со што го оштетиле државниот буџет за околу 780.000 евра.
Акцијата ја спроведува Одделот за спречување организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при МВР, во координација со ОЈО Скопје, а опфатени се службени лица во Агенцијата за стокови резерви, Агроберза, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
Засега за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување од 353 од КЗ“ осомничени се пет лица, и тоа: Н.Р. и Т.К. , раковидители во Агенција за стокови резерви Скопје, Р.А. – директор на Агенција за стокови резерви Скопје, во тоа време, потоа М.П. – вешто лице при Биро за процена од областа на земјоделството, како и Т. Д. – поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и



























