Во затворот „Идризово“ е откриена торба со марихуана при контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата.
Како што соопштија од СВР Скопје, на 17 август 2025 година околу 21:00 часот, при извршена акција во просториите и околината на затворот, во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена торба со наркотична дрога – марихуана.
Случајот бил пријавен во полиција ноќта кон 18 август, околу 01:10 часот, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорноста.