Background

Полицајка доби кривична пријава за несовесно работење

Полицајка доби кривична пријава за несовесно работење во службата, откако е утврдено дека недостасува автоматска пушка во главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош.

Полицијата соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата” по член 353-в, став 4 од Кривичниот законик.

„На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д.. По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Исто така, на 11.01.2025 повторно била извршена контрола во магацинските простории во Полициската станица Карпош во присуство на раководните полициски службеници во станицата и од Одделот за внатрешна контрола, при што повторно било констатирано дека недостасувала една автоматска пушка и дека пристап до клучот за магацинот имала само ракувачот со материјално-технички средства на Полициската станица Карпош, пријавената А.Д.. Со овие дејствија пријавената го сторила делото за кое е поднесена пријавата“, соопшти МВР.

- Advertisement -
Ad image

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полициската службеничка ќе биде суспендирана од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation