И денеска главниот град е соочен со вистински сообраќаен хаос. Покрај силниот дожд, кој дополнително го отежнува веќе хаотичниот метеж во Скопје, МВР најави и посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на српскиот премиер Ѓуро Мацут.
„Од денес, петок (03.10.2025) до сабота (04.10.2025) во официјална посета на Р.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, г. Ѓуро Мацут. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје“, соопшти МВР.
Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на униформираните службеници, за да се избегнат дополнителни застои и опасни ситуации на улиците.