Background

Поголеми одрони на патот Делчево-Македонска Каменица

Од ноќеска по 3 часот непрооден е дел од патниот правец Охрид-Свети Наум, во близина на стовариште „Митко“, каде на десната коловозна лента во правец на Охрид, има околу 100 метри вода длабока до 30 сантиметри. Сообраќајот се пренасочува по левата коловозна лента, а за проблемот е известено Јавното претпријатие Македонија Пат, информира АМСМ.

Според извештајот на АМСМ, сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Advertisement -
Ad image

АМСМ известува за одрони на патот Делчево – Македонска Каменица. Според информации од возачи, поголеми одрони се забележани по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на патот има поголемо количество земја и камења.

Поситни одрони има на повеќе делници долж овој патен правец, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со зголемено внимание. Колската површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го отежнува возењето.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation