Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе нова Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30% во однос на последната одлука од 27.06.2025 година.
Според новата пресметка, која ќе стапи на сила на 1 јули 2025 година од 00:01 часот, најмногу поевтинува екстра лесното масло за домаќинство, а следат и бензините и дизелот.
Новите малопродажни цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 денари/литар (намалување од 2 денари)
ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 денари/литар (намалување од 2 денари)
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 69,50 денари/литар (намалување од 1 денар)
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар (намалување од 2,50 денари)
Мазут М-1 НС: 39,583 денари/килограм (намалување од 0,605 ден/кг)
Од Регулаторната комисија посочуваат дека до намалувањето на цените доаѓа како резултат на движењата на берзанските котации и курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.