Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од хип-хоп дуото ДНК, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани и оттогаш се лекуваше во приватната болница „Систина“ во Скопје.
„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, ни потврдија од приватната болница..
Панчо се лекуваше од повредите неколку месеци откако беше пренесен во приватната болница „Систина“, но поради сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта, на крајот не успеа да се избори — почина како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во тој катастрофален инцидент загинаа 62 лица, над 190 беа повредени, а меѓу загинатите се наоѓа и Андреј Ѓорѓијески, вокалот на групата ДНК.
Во пожарот загинаа и други членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.
Панчо (Владимир Блажев) беше единствениот преживеан од главната постава на ДНК, но со тешки изгореници и оштетување на трахеата поради вдишување на чад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
