Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи.
Како што соошпшти Министерството, главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство; обезбедување просперитет на руралните средини; подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи; обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки од истите.
Изработена е дигитална платформа makedonskonajdobro.mk преку која се овозможува земјоделците да се регистрираат и да ги промовираат свежите земјоделски производи, а преработувачите да ги презентираат своите производи. На платформата се регистрираат и продажните центри со геолокации на нивните продажни места.
Платформата содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.
Од Министерството исто така најавија и посебна мобилна апликација која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
