Background

По втор пат се одложи повторното судење на возачот Менсур Пајазити

Во Основниот суд во Тетово денеска по втор пат се одложи почетокот на повтореното судење на обвинетиот Менсур Пајазити за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Теодора Ристовска.

Судијата Елведин Ферати рече дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини нема да присуства на рочиштето. Потоа судијата донесе решение со кое ја одложи главната расправа за 7 април во 12.30 часот. Од истите причини судењето беше одложено и на претходното рочиште на 4 март.

– Од наша страна ќе биде проверено дали навистина обвинетиот е во болница, дали навистина му е потребно лекување. И дали во овој период од одлагањето тој се јавува на работа, затоа што е наставник во гимназијата во Тетово. Затоа што, ако е на боледување, како оди на работа? Ќе се потрудиме до наредната расправа да добиеме одговор од надлежните институции – изјави адвокатката Наташа Ѓорчевска, застапничка на семејството на Теодора.

- Advertisement -
Ad image

Семејството на Ристовска е револтирано што судскиот систем овозможува постојано одолговлекување на судењето.

– Мора да има системски промени. Како можеше Апелација да ја укине пресудата од 3,5 години? Јас се сомневам на можен поткуп. Како може истиот да се жали до Врховен суд, а ние немаме право на жалба. Го молам и претседателот на Владата да преземе одговорност за оваа работа, мора да има системски промени. Три години нè мачат. Ќерка од 22 години ја изгубив, ја убија. Мора да се борам за неа, јас плачам за правда. Не плачам за друго. А правдата ја нема во Македонија – изјави таткото Круме Ристовски.

Група млади лица денеска протестираа пред Основниот суд Тетово со транспаренти со кои бараа правда за Теодора.

Сообраќајната несреќа во која Теодора Ристовскаго загуби животот се случи во август 2022 година. Првото судење почна скоро една година подоцна, во јули 2023 година, а во ноември истата година, по признание на вината од страна на возачот, тој беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор. По жалбата Апелацискиот суд ја намали казната на 2 години затвор. Потоа  Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Теодора беше тешко повредена на пешачки премин кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил марка „БМВ“ управуван од тогаш 49-годшниот Пајазити од Голема Речица. На 18 август 2022 година таа почина во Клиничкиот центар во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation