Background

По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија

По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.

„Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапија во сила од 6 часот утрово. Во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се правилно снабдувани со сите видови нафтени производи“, објави НИС.

Како резултат на санкциите, „банките ќе мора веднаш да ги запрат сите трансакции со НИС“ за да избегнат да бидат сметани за соработка со санкционираниот субјект“ – изјави професорот по економија Горан Радосављевиќ.

- Advertisement -
Ad image

Од НИС, пак, информираа дека протокот на плаќања во динари ќе се одвива без пречки

Уште во јануари, САД соопшти дека ќе воведат санкции врз српската нафтена компанија.

Руската група Гаспром контролира 45% од компанијата и во текот на преговорите не се откажа од својот удел во нафтената компанија.

Вчера, пак, лиценцата на хрватската компанија JANAF, која испорачува нафта во НИС, беше продолжена до 15 октомври, што значи дека НИС може да смета на снабдување до 15 октомври.

Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската Унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел.

Досега, српските власти ги отфрлаа сите идеи за воведување санкции врз Русија.

Американските санкции против НИС се најстрогата казна за Србија за нејзината соработка со Русите досега.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation