Русија и Украина денеска, како резултат на преговарачкиот процес, разменија по 205 воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата која ја контролира режимот во Киев“, соопшти руското Министерство.
Во исто време, руските сили ослободија 205 украински борци, а хуманитарни и медијациски напори беа обезбедени од Обединетите Арапски Емирати.