Познато е менито на свечената вечера која требала да се одржи на средбата меѓу американскиот и рускиот претседател на Алјаска, но сепак, на крајот била откажана, пишува американски Ен-Пи-Ер. Медиумот тврди дека 8 страници од документи биле по грешка оставени и најдени во петокот, 15 август.
Меѓу нив е и менито за откажаниот настан.
Според фотографијата објавена на социјалните мрежа, вечерата требало да започне со зелена салата со дресинг од шампањ и леб од квасец со рузмарин и путер од лимон. За главно јадење биле понудени два избора: филе мињон со сос од коњак и црн пипер или халибут Олимпија, јадење од бела риба подготвено во класичен американски стил.
Јадењето Олимпија од бела риба е класикa на алјаската кујна. Тоа е омилено јадење кое се појавува во бројни варијации низ целиот регион.
Името доаѓа од градот Олимпија во државата Вашингтон и најчесто се подготвува со павлака, мајонез, кромид и презла. Постојат неколку варијации на рецептот, но основниот концепт е обично ист: рибата се пече со сос од павлака и мајонез, потоа се прелива со презла и уште се пече додека не добие златно-кафеава боја.
Заедно со главното јадење, како прилози биле планирани кремасти пире од компири со путер и печени аспарагуси.
Конечно, како десерт, американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, заедно со преговарачите од двете делегации требало да добијат крем бурле со сладолед.
Ова мени е дел од документација која, според Дејли Бист и Ен-Пи-Ар, била оставена на јавен печатач во хотелот „Hotel Captain Cook“ во Енкориџ и содржела детали како црвен тепих, логистика, распоред и мени достапно за објавување, иако самиот настан бил откажан.