Пецаков: Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Горд сум на сѐ што успеавме да реализираме. Нашата работа се гледа во секое поле: од изградба и реконструкција на училишта и градинки, преку подобрување на патната инфраструктура, до инвестиции во спортот, културата и животната средина. Сето тоа придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани.
Кога ја презедовме Општината, долгот изнесуваше околу 14 милиони евра, без долговите на јавните претпријатија. Веднаш пристапивме кон финансиска консолидација и планови за раздолжување. За помалку од две години, сметката на Општина Охрид беше одблокирана. Потоа ги консолидиравме и јавните претпријатија, што доведе до целосно раздолжување на ЈП „Нискоградба“ и финансиска стабилизација на останатите. Ова домаќинско работење значеше и крај на непотребното вработување. За првпат, по четири години, вкупниот број на вработени во сите јавни претпријатија и локалната самоуправа е намален за 70 лица.
Овој успех ни овозможи да започнеме со реализација на капитални проекти кои беа само ветувања со децении. Охрид за првпат доби целосно нова училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“. Изградивме спортска сала во Лескоец, а катната гаража веќе станува реалност. Во Трпејца започнаа градежните работи за прочистителна станица.
Го реконструиравме булеварот „Македонски Просветители“, како и клучни улици како „7 Ноември“ и дел од „Гоце Делчев“. Не ги заборавивме ниту приградските населби и селата – изградивме патишта до црквата „Св. Атанасиј“ во Рамне, до Плаќе и до Свиништа. Вкупно, за овие четири години асфалтирани се повеќе од 100 улици и патишта во должина од 30 километри, со вкупна вредност од над 323 милиони денари.
Од 10-те приоритетни проекти што им ги ветив на охриѓани, 8 се веќе реализирани или започнати. Докажавме дека можеме и знаеме да направиме промени. Овие успеси се резултат на заедничка енергија, транспарентност и одговорно управување.
Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште поголеми цели. Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство.
Во програмата, голем дел од нашата енергија е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура. Планираме:
 Реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“.
 Изградба на уште една катна гаража и на Младински културен центар.
 Уредување на кејот во Пештани и на градскиот пазар.
 Проекти за канализација и патишта во Трпејца, Долно Лакочереј, Орман, Чекоштина и други населени места.
 Инвестиции во училиштата и детските градинки, вклучувајќи и поставување фотоволтаици за енергетска ефикасност.
Ќе го воведеме Охрид во дигитална ера. Ќе ги дигитализираме јавните услуги и ќе ја зголемиме транспарентноста. Ќе воведеме QR-кодови за документи, плаќање такси преку СМС и дигитализација на седниците на советот. Граѓаните ќе може електронски да ги поднесуваат барањата и да го следат статусот на своите предмети.
Ќе ја поддржуваме локалната економија со поддршка на малите бизниси и занаетчиството, како и со привлекување странски инвестиции. Ќе формираме локален иновациски фонд за млади претприемачи.
Нашата цел е чиста, зелена и енергетски ефикасна општина, за што веќе Советот на општина Охрид ја изгласа физибилити студија. Продолжуваме со организација на редовни акции за чистење на езерскиот брег, поставување модерни корпи за селекција на отпад и засадување нови дрвја. Ќе работиме на заштита на езерото преку строга контрола на отпадните води и ќе ги субвенционираме граѓаните за соларни панели.
Во областа на туризмот, ќе ја промовираме нашата дестинација како одржлива и инклузивна. Ќе изработиме Стратегија за туризам 2025-2030, со фокус на еко, културен и авантуристички туризам.
Културата е срцето на Охрид, па затоа планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Ќе ја поддржуваме традицијата, и покрај постоечките Вино фест, Охрид Ватер Фестивал, Џез фестивал, како и Коктел фест, ќе воведуваме и нови настани, како Охридски џез фестивал со интернационална вечер и Фестивал на креативни индустрии.
Оваа програма е посветена на сите вас, драги сограѓани, со цел да го направиме Охрид уште подобар за живеење. Таа е наша заедничка обврска и наш пат кон просперитетна иднина.
Пред четири години, чесно и достоинствено ја побарав вашата доверба. Денес, повторно стојам гордо, со исправена глава. Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива! Знаеме како, покажавме дека умееме и продолжуваме уште помотивирани и со богато искуство.
Заедно, за уште поубав Охрид.
Охрид не запира повеќе!
Share This Article