Пејачката Јелена Карлеуша проговори за најлошиот период во животот и за аферата со Огњен Врањеш, тврдејќи дека поради тоа засекогаш ќе биде жигосана од сите. Тогашниот сопруг дури барал да се самоубие и со тоа да го тргне срамот од семејството, објави српски Телеграф.
„Многу жени не би го преживеале тоа, а среде тоа мајка ми почина. Тоа беше најлошиот период во мојот живот, затоа и се разведов. Тоа ќе ме следи засекогаш, јас сум жигосана како вештерка поради тие слики. Тоа е аргументот на секој што сака да оди против мене. Животот ми е уништен на 1.000 начини. Никој не знае зошто имав комуникација со тој човек, дали имало насилство во бракот… Жените се во првите редови на овие навреди кон мене. Пријателите ми рекоа тогаш, за да ме поддржат и да ме утешат: ‘Секоја чест за тебе што си толку силна, ќе се убијам да сум на твое место!ќ А мојот сопруг Душко тогаш ми рече дека треба да се убијам и дека тоа е единствениот начин да се тргне вината од семејството. ‘Не го послушав бидејќи имам две прекрасни ќерки и причина за живот’“, откри таа.