Пејачката Јелена Карлеуша им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи и откри дека размислува за учество на Евровизија.
Со години српската јавност зборува дека поп пејачката Јелена Карлеуша треба да ја претставува Србија на престижниот музички натпревар, Евровизија.
Јелена досега не ја интересирало тоа, но сега изгледа работите се промениле. Имено, таа преку својот инстаграм-профил објави дека одлучила да оди на Евровизија каде што е уверена дека ќе победи.
Како што рекла Карлеуша, таа е подготвена да ја размрда светската музичка сцена со песна и настап кој без сомнение ќе ги остави сите без зборови.

„Почитувани следбеници, домашни и странски медиуми, граѓани, размислувам годинава да го потврдам моето учество на натпреварот Евросонг. Што мислите за тоа? Да ја потресеме планетата и да го поставиме високо српското знаме! Карли и Евровизија, што мислите за тоа?“, напиша Јелена на својот Инстаграм.
Оваа објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, кои ја поддржаа нејзината намера да ја претставува Србија на најпопуларниот музички натпревар.
Tagged as:
Пејачката Јелена Карлеуша со една објава откри многу детали
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
