Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) реагира на тврдењата објавени на социјалните мрежи и во медиумите за наводен недостиг на лекови за третман на рак. Со цел да се разјасни ситуацијата, Фондот ја информира јавноста за актуелната состојба со достапноста на овие лекови.
Оттаму велат дека во кратка дефектура се „paclitaxel“ и „cisplatin“, кои се генерички лекови на позитивна Б листа (болничка листа).
„Лекот ‘paclitaxel’ кратко време беше во дефектура поради недоставување од страна на производителот. Сега е достапен на Клиниката за онкологија и е целосно рефундиран од Фондот. Пациентите кои го набавиле лекот со сопствени средства можат да поднесат барање за рефундација до Фондот. Малопродажната цена на лекот изнесува 2.165 денари.
Лекот ‘cisplatin’ моментално е во дефектура поради отсуство на понуда на јавната набавка, иако постојат две регистрирани форми. Како замена, достапен е ‘carboplatin’. Клиниката за онкологија го повтори тендерот, по што е добиена понуда, а испораката се очекува во наредните денови.
Лековите ‘nab-paclitaxel’ и ‘octreotide’ се во подолга дефектура, вклучително и ‘octreotide’ (бренд име ‘Sandostatin’), кој недостасува околу две години поради недостиг на интерес од добавувачите. Сепак, овие лекови се рефундираат од Фондот. Клиниката за онкологија има активен јавен повик и е во очекување на испорака“, се наведува во соопштението од Фондот.
Од Фондот тврдат дека биолошката терапија, предвидена со условниот буџет на Клиниката за онкологија, е достапна за пациентите.
„Лековите ‘летрозол’ и ‘анастрозол’ од летото 2025 година се префрлени на позитивната А листа и се достапни во аптеките низ земјата без прекин. Станува збор за генерички лекови, од кои се регистрирани четири брендови во Македонија“, се додава во соопштението од Фондот за здравство.
Tagged as:
Пациентите што купиле „paclitaxel“ да побараат рефундација
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
