Background

Партијата Алијанса на Албанците, крилото под раководство на Зијадин Села, ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција, чиј предводник е ДУИ

Партијата Алијанса на Албанците, крилото под раководство на Зијадин Села, ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција, чиј предводник е ДУИ. Партијата ќе делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.

Претседателството на Алијансата за Албанците одржа состанок на кој се дискутираше за актуелната политичка состојба, процесот и епилогот од локалните избори, како и следните чекори, соопшти вечерва партијата.

„На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освоени советници, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка, каде што се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствена цел да се реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците во земјата. Од овие сценарија, самите Албанци изгубија повеќе од нас како субјекти, бидејќи по централната власт, Албанците сега беа деградирани и на ниво на локалната власт“, се вели во партиското соопштение, потпишано од Зијадин Села.

- Advertisement -
Ad image

Но, и покрај оваа ситуација, се додава, Алијансата за Албанците останува решена да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија.

„По суштински и многу важни дискусии, членовите на Претседателството едногласно донесоа одлука за автономно дејствување на Алијансата за Албанците, додека во наредните денови пратениците на АА ќе ја обработуваат во Собранието одлуката за дејствување како независна група. Алијансата за Албанците останува силен опозициски глас на Албанците, одржувајќи комуникација со субјектите на албанската опозиција, за што навреме ги известивме и нашите досегашни коалициски партнери“, соопшти партијата.

Националната кауза, рамноправноста на Албанците во државата и Уставот, како и санирањето на штетите предизвикани од актуелната Влада остануваат наша примарна определба за политичко дејствување, се додава во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation