Некогашниот „Fiat 500 L“, што папата Франциск го користеше при посетата на Витлеем во 2014 година денес има сосема нова мисија. Возилото е пренаменето во мобилна клиника што ќе обезбедува медицинска грижа за палестинските деца во Газа, јави Ватикан њуз.
Организацијата Каритас, на која Франциск пред својата смрт во април ѝ го доверил автомобилот, го надгледувала целиот процес на трансформација. Возилото е осветено и преименувано во „Возило на надежта“, со цел да стане симбол на хуманост.
Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI


























