Научниците открија џиновска пајажина со површина од над 100 квадратни метри со околу 111.000 пајаци во пештера на границата помеѓу Грција и Албанија, според студија објавена во списанието „Subterranean Biology“.
Пајажината неодамна беше пронајдена во Сулфурната пештера, која е така наречена поради нејзината екстремно висока содржина на сулфур.
Пештерата се наоѓа во клисурата Вромонер, во геолошка област на границата помеѓу Албанија и Грција, на 450 км од Атина.
Откриената пајажина зафаќа површина од приближно 106 квадратни метри и е дом на околу 69.000 единки од семејството Tegenaria domestica и повеќе од 42.000 од семејството Linyphiidae.
Откривањето на оваа огромна пајажина првпат го објавија членовите на Чешкото спелеолошко друштво.
Пајаците ја делат пештерата со голем број други инсекти, вклучувајќи стоногалки, скорпии и бубачки.



























