Background

Падна позната струмичка лихварка при наплата на камата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Полицијата во Струмица уапси 53-годишна жена осомничена за лихварство, откако била затекната во моментот кога примала пари како месечна камата од оштетено лице.

- Advertisement -
Ad image

Како што информираа од МВР, вчера околу пладне, полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода Ј.Т. (53) од Струмица. Според пријавата, таа во јуни 2025 година му позајмила на жител од струмичко село 2.700 евра, но подоцна од него барала да врати дури 15.000 евра.

Ден пред апсењето, оштетениот договорил средба со осомничената за да ѝ плати 100 евра, сума што таа ја определила како месечна камата за долгот. Во моментот кога ѝ ја предал претходно обележаната банкнота од 100 евра, полицијата реагирала и ја привела.

При личен преглед кај неа биле пронајдени обележаната банкнота, тетратка и листови хартија на кои водела евиденција за парите што ги давала и каматите што ги наплатувала.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во нејзиниот дом, каде што биле пронајдени и одземени пари во денари и евра, нотарски акти, како и дополнителни тетратки и белешки. Според полицијата, од пронајдената документација се утврдило дека жената во повеќе наврати давала заеми на лица од кои барала несразмерно високи суми, стекнувајќи противправна имотна корист.

Осомничената е задржана во Полициската станица во Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното расчистување на предметот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за „лихварство“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation