Background

Падна и вредноста на акциите на авиокомпанијата

Авиокомпанијата „Визер“ забележа пад на годишниот профит поради голем број приземјени авиони и долгиот период на чекање на нивните поправки.

До мај, „Визер“ имаше 37 авиони надвор од употреба, а очекувањата се дека 34 авиони ќе останат приземјени и во  2026 година. Просечното време за поправка во сервисите се проценува на околу 300 дена.

Застојот се должеше на проблеми со моторот на компанијата „Прет и Витни“, која е сопственик на RTX, што ја ограничи можноста на „Визер“ да го зголеми капацитетот.

- Advertisement -
Ad image

Оперативниот профит за финансиската година што заврши на 31 март се намали за 61,7% на годишно ниво на 167,5 милиони евра. Акциите на компанијата што котира на берзата во Лондон паднаа за 26% на 1.227 пени, продолжувајќи го падот од 48% од почетокот на годината.

-Кога ќе погледнете како функционира синџирот на снабдување во индустријата, има пукнатини насекаде – изјави извршниот директор Џозеф Варади.

Претходно тој изјави и дека очекува компанијата да ги чувствува ефектите од проблемите со поправка на моторот уште 2 до 3 години.

Европските авиокомпании претходно предупредија на долги доцнења во испораките на авиони и неизвесност околу одржувањето на високата побарувачка по пандемијата, дополнително влошена од економската нестабилност предизвикана од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови тарифи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation