Сите имаме слатки гревови пред спиење, без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не. Но, експертите велат дека дури и нешто толку здраво како овошјето може да носи несакани здравствени ризици кога се консумира пред спиење.
Познатото чувство на печење во градите е предизвикано од желудочната киселина што се крева во грлото, што е особено честа појава навечер и во текот на ноќта. Но, она што е загрижувачко е што доколку не се лекува, ова го зголемува ризикот од рак на желудникот и хранопроводот.
И што е полошо, симптомите на рефлукс често ги маскираат знаците на овие видови рак, со оглед на тоа што се слични (тешкотии при голтање и општо лошо чувство во грлото).
Сепак, експертите велат дека овој ризик лесно може да се избегне ако последниот оброк во денот се јаде неколку часа пред спиење.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.