Топ Вести - Слушај сега
Поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „Д Уикнајт“ („The Weeknight“) Бренан ги спореди нападите со американската инвазија врз Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос.
– Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со вклучувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога го нападнавме Ирак, што предизвика години и години хаос, насилство и тероризам – рече Бренан.
– Тоа доведе до подемот на „Исламска држава“ и сè уште заздравуваме од 20-те години на тој хаос. Сега го започнуваме овој голем напад врз Иран, многу голема земја, многу поголема од Ирак.
Она што го видовме во изминатите неколку дена се катастрофални напади врз Иран и иранската Влада. Иранскиот режим во моментов не попушта и затоа напаѓа блиски цели со сите расположиви средства, без разлика дали станува збор за американски бази или за арапските земји од Заливот.
Сведоци сме на трагична, бесмислена и непотребна загуба на животи. Како што рече сенаторот Ворнер, немаше непосредна закана. Мислам дека е јасно дека администрацијата сега измислува работи за да се обиде да го оправда тоа што се случува – рече Бренен.
– Она што ми е јасно е дека Бенјамин Нетанјаху, кој долго време посакуваше ваков вид воена операција против Иран, успеа да го освои Трамп и да го вовлече во нешто вакво – заклучи Бренан, кој беше шеф на ЦИА од 2013 до 2017 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
