Осум мигранти, меѓу кои и две деца, беа пронајдени во два импровизирани кампови кај местото Ресуљка, во близина на границата со Србија. Полицијата ги откри камповите за време на координирана акција насочена кон разбијување на група која со месеци шверцувала мигранти преку територијата на земјава.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мигрантите биле државјани на Пакистан и Авганистан, пренесувани илегално од Грција кон северот на земјата.
„Двајца од организаторите користеле сила и закани за да им изнудат пари, ветувајќи им дека ќе ги префрлат во Србија, а оттаму во земји на Европската унија“, соопштија од МВР.
За случајот е поднесена кривична пријава против пет лица — З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник, сите од Авганистан. Полицијата утврдила дека тие во повеќе наврати ги воделе мигрантите по нелегални рути, ги сместувале во шумските кампови и потоа барале дополнителни пари за „гарантирано“ преминување на границата.
„Акцијата е дел од засилените мерки против групи кои ја злоупотребуваат ранливата положба на мигрантите,“ додаваат од полицијата, нагласувајќи дека случајот продолжува да се истражува.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
